Врнежите добредојдени за земјоделството
Температурните услови и врнежите што ја зафатија Македонија се добри за земјоделството, особено за посевите кои се во ниски фази на развој најмногу поради ниската влажност во досегашниот период, сметаат агрометеоролозите.
Според нив, стабилизацијата на времето наредната недела со пониски утрински температури и дневни од околу 10 степени, ќе овозможи нормален развој на културите.
- Врнежите дожд во текот на викендот очекуваме да ги надополнат резервите влага и во подлабоките слоеви што е гаранција за наредниот период, велат од УХМР.
Оценка на Управата е дека последните врнежи дожд со количества над 150 литри на метар квадратен забележани во Гевгелија и Демир Капија, комплетно ја сменија сликата на земјоделството во Македонија. На останатите места, иако со различни количества, од 25 до 60 литри по единица површина, врнежите ќе придонесат семенскиот материјал да почне со поникнување или нормално да се развиваат веќе поникнатите култури.
Ново на Сител
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски