Вучиќ одржа состанок со амбасадорите на Квинта во Белград
Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска ги прими амбасадорите на земјите членки на Квинта – САД, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и шефот на Делегацијата на Европската унија во Белград, кои побараа дескалација на кризата во северно Косово и Метохија,јави дописникот на МИА од Белград.
Како што соопштија од прес службата на српскиот претседател „во оваа прилика, претседателот Вучиќ ја објасни позицијата на Србија“.
-Посветени сме на зачувување на мирот и почитување на Бриселскиот договор, но никако нема да дозволиме понижување ниту на Србија, ниту на нејзините граѓани, изјави претседателот Вучиќ.
Тема на состанокот беше кризата на северот на Косово. Како што беше претходно најавено, за исходот од состанокот јавноста ќе има можност да дознае врз основа на официјално соопштение.
Откако Србите на Косово ги блокираа административните премини Јариње и Брњак, незадоволни што Приштина испрати специјални единици Росу на тие премини поради укинување на српските регистарски таблички, амбасадорите на Квинта минатата недела му понудија на претседателот на Србија предлог за решавање на ситуацијата, според која, како што тогаш кажа Вуќиќ во обраќањето до јавноста, „ ние малку ќе попуштиме, но ќе добиеме повеќе“.
Вучиќ тогаш изјави дека тој предлог го отфрлил бидејќи се работи за уцена и политика на свршен чин, на што не се согласува.
Ново на Сител
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР
-
Совет на Европа: Македонските затвори се почисти, но во нив и натаму има корупција и лош третаман
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани