Вујовиќ: Може да ме сакаат, може да ме мразат, но додека сум јас тренер мора да гинат за Вардар
Под водство на старо-новиот тренер на Веселин Вујовиќ, македонскиот ракометен првак Вардар денес го имаше првиот официјален тренинг во пресрет на сезоната 2021/22.
За впечатоците од првата средба и за очекувањата од тимот Вујовиќ истакна:
„Како и секогаш сите играчи не доаѓаат исто подготвени на тренинзите, некои дојдоа во подобра форма, некои во полоша, но во секој случај има позитивна атмосфера, амбиент кој ни дозволува да работиме опуштено. Пред нас е тешка задача, бидејќи сите очекуваат од Вардар трофеи. Ниту јас како тренер, ниту играчите, ниту македонската јавност не се задоволува со просечност. Им кажав на играчите, може да ме сакаат или да ме мразат, но додека јас сум тренер мора да го остават срцето на терен, да гинат, да се борат и да докажат дека го заслужуваат дресот“.
Вујовиќ се надева на пласман на „Фајнал фор“ турнирот од СЕХА лигата во Задар, и успешни настапи во Лигата на шампионите.
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата