Вулин: Која е смислата на продолжување на преговорите со Приштина
Информациите од Приштина за евентуално суспендирање на формирањето на Заедницата на српски општини се апсолутно неразбирливи и се поставува прашањето има ли смисла Договорот од Брисел, ако една од страните може да го суспендира без да сноси некаква одговорност, изјави денеска српскиот министер за труд и социјална политика Александар Вулин.
Тој наведе дека непочитувањето на дадениот збор значи и дека Приштина ги смета Србите за „дестабилизирачки фактор“, кој не треба да го има во Косово.
Косовската опозиција инсистира Владата во Приштина да го повлече потписот од Договорот за Заедницата на српски општини, за кој оценува дека е формирање на „држава во државата“.
Косовскиот премиер Иса Мустафа изјави дека ако Уставниот суд го оцени Договор со Белград за формирање на Заедницата на српски општини како спротивен на косовските закони, тој нема да биде имплементиран.
Претседателката на Косово, Атифете Јахјага денеска официјално побара од Уставниот суд да го оцени Договорот. Судот треба да одговори во рок од 60 денови.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Франција – убиен минувач, тешко ранети полицајци
-
Ватикан: Папата Франциск во критична состојба поради продолжена астматична криза
-
Уапсен 37-годишник од Скопје, физички нападнал девојка и извршил обљуба врз неа
-
Тепачка меѓу четири лица во скопски Аеродром
-
Пронајдена неексплодирана бомба во водите на Охридското езеро
-
Нова акција против корупцијата во Србија: Уапсени пет лица
-
Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити
-
Мерц: На Германија треба да ѝ се даде поголема тежина во Европа