За 64 отсто зголемени бегалските бранови во Грција
Во првите осум месеци од годинава, бегалските и мигрантските бранови во Грција се зголемиле за 64 отсто, споредено со истиот период лани, додека пак бројот на бегалци и мигранти кои престојуваат во земјата се намалил за 56 проценти, согласно податоците за август од Министерството за миграција и азил, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Грција престојуваат вкупно 18.587 баратели на азил, од кои 16 отсто се на островите, а останатите 84 проценти се во континенталниот дел на Грција.
На островите, во август имало 3.190 бегалци, бројка за 39 отсто помала од август минатата година.
Во периодот од јануари до август пристигнале 8.873 бегалци и мигранти, а 5.657 лица ја напуштиле Грција, односно или заминале и биле релоцирани во некоја земја од Европската унија или биле вратени во земјите на потекло преку механизмот за депортација.
Министерот за миграција и азил на Грција Нотис Митаракис рече дека продолжуваат да вложуваат максимални напори за ефикасно управување со мигрантското прашање, „наспроти обидите на мрежите на криумчарите и инструментализацијата од Турција“, како и дека ќе продолжат да ги штитат грчките и европските граници „со примена на строга, но правична политика со почитување на меѓународното право и човечкиот живот“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево