За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
За период од една година, на територијата на источниот регион, регистрирани се над 110 сообраќајни несреќи, со повеќе од 170 повредени. Статистиката покажува дека најголем дел од сообраќајките завршиле со лесно повредени учесници во незгодите. За разлика од претходната 2023 година, кога во 7 тешки сообраќајни несреќи загинале 9 лица, годинава бројот на несреќи со фатални последици е намелен.
- Во овој период, од ноември минатата година, до ноември оваа година, имаме 3 сообраќајни несреќи со 4 жртви. Имаме 38 тешки сообраќајни несреќи со 42 лица кои се здобиле со тешки телесни повреди и има 68 незгоди со 129 полесни повреди, изјави Роберт Рогожаров, сообраќаен инженер
Проблемот за сообраќајните несреќи, според Рогожаров, треба да се решава преку едукации, пред сѐ кај помладите, а сообраќајните правила и прописи да важат за сите подеднакво.
- Проблемот се наоѓа во субјективниот фактор, најчесто се луѓето. Знаете дека жртвите се претежно млади лица, на кои аденалинот по се изгледа им е опсесија. Да има помалку толеранција во однос на класите на луѓето, затоа што ако вие го толерирате едниот, па другиот гледа, па се труди да го копира, така што сметам дека најголем проблем имаме во тој дел, додаде Рогожаров
Недостасуваат и стручни лица за организирање на самиот сообраќај, па доколку се вложува на ова поле може да резултира со помалку несреќи на патиштата. Секоја година, третата недела од месец ноември е посветенa на жртвите во сообраќајот.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар