За време на протестите во САД уапсени околу 5.600 луѓе
На протестите во САД за една недела се уапсени повеќе од 5.600 луѓе поради кражби, блокирање патишта и кршење на полицискиот час.
Протестите, кои почнаа поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец, продолжија и покрај воведениот полициски час во 40 градови.
Припадници на Националната гарда се распоредени во 23 држави и во главниот град Вашингтон.
Во некои градови протестите беа мирни, но имаше и инциденти. Во Оукланд, Калифорнија, мирни демонстранти беа приведени и уапсени затоа што биле на улиците по почетокот на полицискиот час, јави Си-Ен-Ен.
Повеќето од протестите во Њујорк беа мирни маршеви, но во текот на ноќните часови имало сè повеќе случаи на уништување имот и грабежи.
Во пукање во Сент Луис се погодени четворица полицајци кои се надвор од животна опасност, јави Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти
-
Курти: Од четврток е можно заменување на српските со косовски регистерски таблички
-
Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март
-
Путин положи заклетва за новиот, петти по ред, претседателски мандат
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија