За време на протестите во САД уапсени околу 5.600 луѓе
На протестите во САД за една недела се уапсени повеќе од 5.600 луѓе поради кражби, блокирање патишта и кршење на полицискиот час.
Протестите, кои почнаа поради насилната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд од страна на полицаец, продолжија и покрај воведениот полициски час во 40 градови.
Припадници на Националната гарда се распоредени во 23 држави и во главниот град Вашингтон.
Во некои градови протестите беа мирни, но имаше и инциденти. Во Оукланд, Калифорнија, мирни демонстранти беа приведени и уапсени затоа што биле на улиците по почетокот на полицискиот час, јави Си-Ен-Ен.
Повеќето од протестите во Њујорк беа мирни маршеви, но во текот на ноќните часови имало сè повеќе случаи на уништување имот и грабежи.
Во пукање во Сент Луис се погодени четворица полицајци кои се надвор од животна опасност, јави Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!