-->
-->
Заев: Ако опозицијата го блокира Законот за ЈО тогаш Собранието нема да се распушти
-->
Ако опозицијата го блокира гласањето за Законот за Јавното обвинителство тогаш Собранието нема да се распушти, вели Зоран Заев, директно најавувајќи можност за одложување на изборите.
„Законот за мене е многу важно да се гласа во Парламентот. Значи кога ќе се гласа во Парламентот тој може да се донесе и да не се донесе, друга опција нема. Но 12ти треба да се распушти. Ако се обидува опозицијата да го минира, да го блокира или на било кој начин неговото донесување, односно гласање, тогаш нормално дека Парламентот нема да се распушти се додека не заврши процесот на изјаснување на Законот за ЈО, како и протоколот за НАТО или Законот за одбраната или сличните закони. Затоа што дел од агендата за која што се договоривме сите е дека овие законски решенија до распишувањето на изборите и распуштањето на Парламентот ќе се изгласаат. Ако некој го прекрши тоа тогаш нормално дека распишувањето на изборите и распуштањето на парламентот тоа нема да се случи.
На 12 април се изборите убаво е на 12 февруари како што објави Претседателот Џафери тоа да се случи. Изборите се распишуваат и Парламентот се распушта од 45 до 60 дена. Значи имаме еден бафер од 15 дена за распуштање на парламентот и распишување на изборите како што тоа законот го дава. Но јас верувам дека се ќе биде завршено на 12 февруари, да се распишат изборите и да се распушти парламентот. “ – вели Премиерот Заев.
Но и Уставот и Изборниот законик, објавени на веб страната на Собранието велат дека не е така.
Член 63 од Уставот вели дека изборите се одржуваат во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието.
„ Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.“ – стои во членот 63 од Уставот.
Оваа одредба е дефинирана и во членот 15 од Изборниот законик.
„Изборите за пратеници се одржуваат секоја четврта година во последните 90 дена од мандатот на претходниот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието.“ – стои во Изборниот законик.
Александар Спасовски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош