Заев: Очекувам договор за нова Влада за 10-ина дена, Мицкоски обвини за изборен поткуп
Очекувам за 10 до 15 дена да формираме Влада со цврсто мнозинство, истакна лидерот на СДСМ Зоран Заев во изјава за медиумите по конституирањето на Парламентот.
Сега и официјално почнуваат сериозните разговори за формирање на Влада, вели Заев, а принципите зад кои ќе стои СДСМ ќе бидат ставени на економијата, сузбивање на криминалот и евроинтеграцијата. Веднаш по Заев, изјава во Кристалната сала во Собранието даде и лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Потенцираше дека ова биле најкорумпираните избори во последните 30 години и го обвини СДСМ за изборен поткуп од милијарда евра. Дополни дека нивниот фокус во преговорите со останатите партии ќе биде справување со предизвиците како корона кризата и како што рече, вистинска борба против организираниот криминал.
Претходно, Собранието ги потврди мандатите на новите пратеници. По еден час разгледување на извештајот од Државата изборна комисија, новоформираната Верификациона комисија утврди дека нема никаква основа за оспорување на мандатите и му предложи на новиот собраниски состав да ги потврди. Тоа и се случи, откако пратениците со 116 гласа "за" и ниеден "против" и ниеден "воздржан".
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип