Заев: Овој ден да го посветиме на афирмација на идеалите за мир, дијалог и помирување
Денеска Меѓународниот ден на мирот го одбележуваме со повикот на Генералното собрание на Обединетите Нации да запре говорот на оружјето во сите делови на светот каде што има вооружени конфликти и овој ден да го посветиме на афирмацијата на идеалите за мир, за дијалог и помирување, напиша премиерот Зоран Заев на неговиот профил на Фејсбук.
– Човештвото денес е исправено пред други битки. Борбата за целосно справување со пандемијата со КОВИД-19, или за спречување на нејзино проширување, е и битка за трансформацијата на светот во заедница на народи еднакви во користењето на ресурсите и придобивките на хуманоста. Инклузивен свет заснован на почитта кон секој поединец и кон секоја заедница, објави Заев.
Според Заев, денес мирот се слави и со разобличување на дезинформациите и лажните вести, како и со и спротивставување на говорот на омраза и на делата предизвикани од омраза преку интернет и офлајн.
– Мирот се слави и се негува низ дијалог, со сочувство, љубезност и надеж, и со тие вредности секој од нас треба да знае дека може да биде дел од решенијата за мир и помирување, пишува на ФБ премиерот Заев.
Ново на Сител
-
Работниците ширум Европа и Азија бараат поголеми работнички права на првомајските демонстрации
-
Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година
-
Максим дебитираше во ВАКО-ПРО со победа
-
Извонредна организација на АФН-9 ВАКО-ПРО кик бокс настанот во Скопје
-
ДС: Само силен синдикат е гарант за работничките права
-
Притвор од 30 дена за жител на Сопиште, пронајдена дрога во неговиот дом
-
Ковачевски: Нека ни е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците
-
Мицкоски: Работничките права се прекршени, државата не води грижа за тие кои се р`бетот на економијата