Заев за празникот Јом Кипур: Успеваме кога се разбираме и си подаваме рака
Претседателот на македонската Влада Зоран Заев упати честитка до припадниците на еврејската заедница по повод празникот Јом Кипур.
Честитајќи го почетокот на чествувањето на празникот, премиерот Заев истакнува дека овој празник на простувањето во еврејската традиција покажува колку е важно меѓусебното почитување и разбирање и толеранцијата и поддршката.
- И ние сите во нашата заедничка Република Македонија, искусивме дека само преку подадена рака можеме да ги пречекориме препреките и да зачекориме напред во промените. Тоа не може да биде успех само на еден човек или на една заедница, тоа е нашиот заеднички успех во осознавањето дека само заедно можеме да обезбедиме спокој и благосостојба за нас и нашите семејства и просперитет за државата. Да продолжиме по тој пат, вели премиерот во честитката.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите