-->
-->
Загина планинар во Словенија
-->
Планинар (69) загина при пад во провалија во областа Острица во Словенија. Како што јави дописникот на МИА до Љубљана, додека планинарот се движел по планината во еден момент се лизнал и почнал да паѓа кон провалија длабока 50 метери. Друг планинар се обидел да му помогне, но неуспешно.
Планинарот паднал во провалијата и поради тешките поврди набрзо починал. Телото било извлечено од страна на полицајците од Целје, со помош на армијата.
Властите ги предупредуваат планинарите да бидат внимателни, бидејќи само минатата година во Словенија животот го загубиле 41 планинар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден