Македонија
24. September 2024 - 16:34

Законот за бранители на СДСМ ја ниша коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ

Нека им е со среќа на сите што сакаат да заминат од владината коалиција. Ова е коментарот на премиерот Мицкоски по синоќешните изјави на пратеникот Снопче дека Вреди ќе излезе од Владата доколку во Собранието помине законот за бранители.

Овие измени што ги поднесе СДСМ  отвори проблем во владината коалиција откако ВМРО-ДПМНЕ даде поддршка тие да бидат донесени, но целиот алабнски блок застана против, па ниту Илире Даути од фронтот на ДУИ, но ниту собранискиот спикер Гаши не закажуваат комсисика расправа.

Викедонов и првиот вицепремиер Изет Меџити самоуверено изјави дека законот за бранители ќе остане заглавен во парламентот. На страната на Мицкоски застанува и помалиот партнер во Владата  - ЗНАМ.

Иако го сметаа за провокација од СДСМ, од ВМРО-ДПМНЕ вчера со пратенички потписи направија нов обид Даути да ја закаже собраниската комсија. Пратеничката од редовите на Села, пак, како и првиот пат и сега одбива да го стори тоа сметајќи го законот за неуставен. Од владејачката партија ги повикаа и СДСМ да стават потпис на иницијативата за да докажат дека немале скриени намери со законот.

Од СДСМ пак, денеска со одговор: ВМРО-ДПМНЕ да го повика Гаши да закаже комисиска расправа или ќе поведат постапка за тоа дали собранискиот спикер го крши Деловникот.

На ваквите повици Мицкоски одговори дека Петроска не ги познава процедурите, а го повика спикерот да закажеКомсија бидејќи тоа го барале СДСМ.

Засега нема одговор од кабинетот на Гаши, како ќе одговори и на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за комисија и на барањето на СДСМ да биде поведена постапка против него за кршење на Деловникот.

Во меѓувреме, трае и дебатата за укинувањето ан балансерот. По повиците на Ахмети за протести, Мицкоски и нему му посака здравје и среќа.