Македонија
12. July 2024 - 12:18

Засилени контроли на струмичката полиција

Само во месец јуни  струмичката полиција санкционирала 66 возачи на мотори и мотоцикли кои учествувале во сообраќајот без да носат заштитна кацига. 

Со цел да се намали ваквата бројка, но и да се подигне свеста кај учесниците во сообраќајот СВР Струмица започна со серија превентивни акции преку кои потсетува дека кацигата може да спаси живот.

За среќа годинава нема жртви во сообраќајни несреќи со мотори, но тоа не било случај лани кога во првите шест месеци од годината 3 лица  кои управувале или се превезувале на мотор го загубиле животот.

Од СВР Струмица потенцираат дека превентивните активности  ќе продолжат во текот на целото лето. Од таму најавуваат и засилени акциски контроли и санкционирање на сите возачи што нема да ги почитуваат законските прописи.Превентивните акции се реализираат во соработка со Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај и Мото асоцијација на Македонија на МК Клубови.