Затворени училишта и продавници во Италија поради коронавирусот
Во повеќе од десет градови во италијанските региони Ломбардија и Венето една недела ќе бидат затворени сите училишта, продавници и ресторани поради ширење на коронавирусот во таа земја.
Првичниот налог, кој го издаде италијанското Министерство за здравство, опфати десет градови околу Лоди, југоисточно од Милано, но некои градови надвор од тоа подрачје, како што е Кремона, вовеле сопствени рестрикции.
Властите ги повикаа граѓаните да останат мирни, откако во Италија се потврдени 30 случаи на коронавирус, од кој починаа две лица.
Истовремено, денеска во Рим пристигнаа 19 италијански државјани кои изминатите две недели беа во карантин на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во јапонското пристаниште Јокохама. Тие веднаш се префрлени во воената база Чекињола, каде ќе останат во изолација уште две недели.
Ново на Сител
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети
-
СЗО: Копнен напад врз Рафа ќе доведе до крвопролевање
-
Четириесет и четири години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Состојба на патиштата