Македонија
7. November 2024 - 8:12

Земјотрес утрово е регистриран во близина на Скопје

 Според Рихтеровата скала утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2,3 степени во близина на Скопје, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, потресот е регистриран во 5:49 часот, според македонско време, а епицентарот бил на осум километри северо-западно од главниот град на земјава, на границата меѓу С Македонија, Косово и Србија.

Земјотресот бил на длабочина од осум километри.

Засега нема информации од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факулет во Скопје за јачината и локацијата на потресот.

Инаку, земјотрес со јачина од два степени според Рихтеровата скала беше почувстуван пред три дена, односно на 4 ноември вечерта, исто така, во близина на Скопје.