Зголемен прометот во индустријата
Прометот во индустријата во јануари годинава е зголемен за 6,9 отсто во однос на истиот месец од минатата година, а намален за 2,2 отсто во споредба со декември 2015 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари годинава во однос на ланскиот јануари има опаѓање од 1,1 отсто, а прометот на странски пазари бележи пораст од 8,6 проценти.
Во секторот Рударство и вадење на камен има опаѓање од 25 проценти, а во секторот Преработувачка индустрија пораст од 8,4 отсто.
Пораст од 30,4 отсто има кај индустриската група Капитални производи, и Трајни производи за широка потрошувачка за 4,4 проценти, додека опаѓање себележи кај Енергија за 53,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 10,5 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,6 отсто.
Ново на Сител
-
АХВ: Поради присуство на мувла, од пазарот се повлекува грчки јогурт
-
Возач од струмичко вршел јавен превоз на патници без лиценца, поднесени соодветни поднесоци
-
Вјоса Османи лани двапати кршела процедури на скопскиот аеродром, тврди ВМРО-ДПМНЕ
-
Србија e подготвена и понатаму да помогне во гаснењето пожари со хеликоптери, пилоти и механичари
-
Во моментов од Затвор Струмица во бегство се 23 затвореници, информира новоименуваниот в.д. директор Ристов
-
УЕФА ги казни Мората и Родри
-
Шпанија прв полуфиналист на олимпискиот ракометен турнир
-
Двократниот олимписки шампион Џошуа Чептегеи се повлече од трката на 5.000 метри на Олимпијадата во Париз