Ждреб за завршницата во Лигата на шампионите, кој со кого во Ф8?
Ждрепката за четвртфиналето, полуфиналето и финалето на Лигата на шампионите ќе се одржи од 12 часот напладне во седиштето на Европскиот фудбалски сојуз (УЕФА) во Нион. Со извлекување на паровите, ќе откриеме кој ќе се натпреварува во завршницата на елитното натпреварување, кое за прв пат во историјата ќе се игра во „Ф8“ формат.
Ждрепката во Нион ќе има три дела – во првиот ќе се поврзат паровите од четвртфиналето, во вториот ќе знаеме кој со кого ќе се сретне во полуфиналето, додека во третиот, од административни причини, ќе биде избран „домаќин“ на финалето.
Да потсетиме, финалето од Лигата на шампионите ќе се игра во Лисабон, каде сите парови ќе играат за еден триумф на два стадиони („Луж“ и „Хозе Авалад“).
Аталанта, Атлетико Мадрид, Лајпциг и Париз Сен Жермен напредуваа во четвртфиналето пред паузата поради коронавирусот, додека четворицата преостанати учесници ќе ги знаеме по реваншот.
Тие нема да се играат во Лисабон, туку на стадионите на клубовите домаќини, а ќе се сретнат Баерн Минхен – Челзи (3:0), Барселона – Наполи (0:0), Манчестер Сити – Реал Мадрид (2:1) и Јувентус – Олимпик Лион. (0:1).
Ново на Сител
-
МФ: „Стандард и пурс“ ги потврдуваат напорите на Владата за забрзување на економскиот раст
-
Хамас ослободи четири припаднички на израелската армија
-
Ниту еден од кандидатите за претседател на Грција не го доби потребното двотретинско мнозинство во Парламентот
-
Почина Дражен Далипагиќ
-
Тешко повреден 18-годишник во сообраќајка на регионалниот пат Демир Хисар – Битола
-
Приведен крадец од Скопје баран по потерница
-
Патник загинал, а четворица полицајци повредени во две последовални сообраќајки кај Крива Паланка
-
Хамас: Од 70 до 200 палестински затвореници ќе бидат депортирани од Појасот Газа и од Западен Брег