Жестоки судири избија во Јужен Судан
Жестоки судири избија вчера во јужносуданскиот град Пагак, во близина на границата со Етиопија. Бунтовниците почнаа офанзива против владината армија, изјавија нејзини претставници.
Портпаролот на бунтовниците, Лам Пол Гејбриел изјави дека тие се обидуваат да се вратат во Пагак, кој на 7 август беше преземен од владини сили.
- Одлучивме да преземеме офанзива против нив, затоа што Пагак е нашата база. Тие ни ја зедоа, а ние сакаме да ја вратиме. Засега не можам да кажам дека имаме целосна контрола, но на пат сме тоа да го сториме, додаде тој.
Диксон Гатлук Џок, портпарол на силите на јужносуданскиот прв вицепретседател Табан Денг потврди дека се водат борби.
- Околу пет часот изутрината силите на Владата во Џуба беа подложени на напад во Пагак. Главната цел им е да ги истиснат нашите сили од градот Пагак, кој има стратешко значење, изјави тој.
УНМИСС, мировната мисија на ОН во Јужен Судан соопшти дека ситуацијата во Пагак е исклучително загрижувачка и ги повика завојуваните страни да покажат воздржаност.
Ново на Сител
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие
-
Драма во Драч: Татко ги земал двете деца како заложници и почнал да пука со калашников
-
Њујорк и Денвер на чекор до полуфинале во НБА плејофот
-
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведен дилер
-
Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово”
-
Халанд и Ортега го доближија Сити до шампионската титула
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крушево