Спорт плус
22. July 2016 - 15:44

10-то изнадие на „Beach Volleyball Ohrid“

Од среда 27 јули до вторник 2 август ќе се одржи отвореното првенство во одбојка на песок „Beach Volleyball Ohrid 2016“, што ќе претставува 10 годишен јубилеј на овој спорт во Охрид и Македонија.
 
Покрај професионалниот турнир кој ќе се одржи од 29-ти до 31-ви јули, на програмата на настанот се уште и турнирите за млади одбојкари и одбојкарки до 20 години, за рекреативци и за компании во периодот од 27 јули до 2 август.
 
И оваа година на турнирите се пријавени тимови од Македонија, Бугарија, Косово, Србија и Албанија, а сите се натпреваруваат за подиумот кој носи вкупен награден фонд од 1000 евра.
 
Минатата година шампионските пехари ги освоија Валон Никчи и Џевдет Лајчи во машка конкуренција и Вилдане Јашари и Назмие Ибраими во женска конкуренција, од Косово.
 
Првиот официјален натпревар во одбојка на песок во Македонија се одигра на 22 јули 2006 година во Охрид, што се смета за почеток на овој спорт кај нас. Десет години потоа, одбојката на песок е еден од најатрактивните и најпопуларните летни спортски настани, а првенството во Охрид е синоним за овој спорт во Македонија.
 
Пријавувањето за сите категории е во тек и може да се направи преку официјалната веб страница www.beachvolleyball.com.mk.
 
Организатори на оваа манифестација се: „Beach Volleyball Macedonia“, Одбојкарската федерација на Македонија, а  во соработка со градот Охрид.