-->
-->
10-месечно бебе позитивно на коронавирус со тешки компликации префрлено во Швајцарија
-->
Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести, објавува НОВА ТВ.
Според порталот, бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.
Вистинска драма се случувала на клиниката за спасување на животот на бебето, утредента кога се покажало дека бебето има тумор во мозокот, а се потврдило дека тоа и неговата баба се позитивни на ковид-19. Информацијата за НОВА ТВ ја потврди и д-р Наташа Најдановска Алулоска, директорка на Клиниката за детски болести.
„Детсетмесечното бебе беше донесено во неделата попладне во тешка состојба, со грчеви и покачена температура. Нашите итни анализи покажаа дека се работи за тумор на мозокот. На Клиниката остана 24 часа. Во текот на престојот добиен е и позитивен резултат за Ковид-19 кај детето и бабата, која се грижи за детето“, вели д-р Најдановска Алуловска.
По ова започнала борбата бебето да се одржи во живот и да биде префрлено во Швајцарија. За таа намена специјално бил отворен скопскиот аеродром и бебето заедно со медицински авионски транспорт, со таканаречена мини болница било префрлено во Клиничкиот центар во Цирих. Целата операција била организирана од страна на швајцарските власти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Парада на гордоста
-
Почна расправата за новата влада
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ЦУК
-
Почна расправата за избор на новата влада
-
Високите температури направија хаос на Задушница: Луѓето со часови чекале автобус за да отидат на гробишта
-
Се води битка со пожарите
-
Анализа: Како се случи енергетскиот колапс во регионот?
-
Колку ќе заштеди здравството со укинувањето на организациските директори?