Loading Video...
Свет
10. January 2025 - 18:34

10 жртви во пожарите во Лос Анџелес

Во шумските пожари во округот Лос Анџелес загинаа најмалку 10 луѓе. Шерифот на округот Лос Анџелес, Роберт Луна, стравува дека бројот на жртви може да се зголеми откако пожарите ќе бидат ставени под контрола и спасувачите ќе можат да ги прочешлаат урнатините.

- Изгледа како атомска бомба фрелена на овие области. Не очекувам добри вести. Кога ќе биде безбедно, ќе влеземе таму со соодветни ресурси и ќе се погрижиме да добиеме соодветно пребројување.

Активни се  пет пожари. Добрата вест е дека  ветровите  се намалија и тоа им дава шанса на пожарникарите да ги стават пожарите под контрола. Се истражуват  причините за пожарите пламените јазици проголтаа 10 000 домови и објекти, како и повеќе од 142 квадратни километри земја.   Некои жители  се вратија на местата каде што до пред некој ден беа нивните домови. 

- Немам зборови. Немам зборови за тоа како е. Ова беше куќа која ја сакавме. Кели фостер, жител на Пацифик Палисадес. 

- Секако, не бевме подготвени за нешто од оваа големина. Со силниот ветер што го имавме немаше можен начин да се бориме. Рам Милер.

- О, боже! Не можам... Леле! Нема ништо останато овде. Леле. Леле. Ова е областа каде што одев секој ден [во текот на] 12 години. Како можеше да биде тоа? Сега, навистина се чувствувам како филм. Толку чудно !", Карол Дарса.

65-годишниот Џон Кар , жител на  Пацифик  Палисадес   не ја послушал наредбата за евакуација и го спасил својот дом. Куќата ја изградија мајка ми и татко ми во 1960 година и јас живеев тука цел живот, така што тука има многу спомени и мислам дека им должев и ним да се обидам максимално да ја спасам. За некои работи во животот вреди да се бориш.

Пацифик Палисадес е елитна населба која прва беше опустошена од огнената стихија. Изгореа 5300  домови и објекти. Маж е приведен поради сомнение дека сакал да подметне нов пожар во близина на Пацифик Палисадес. Во евакуираните населби регистрирани грабежи од големи размери. Најмалку 20 лица се уапсени. Властите решија војската да биде распоредена на улиците за да ги заштити имотите од разбојништво и најавија полициски час.