-->
-->
102-годишна Американка која го преживеала шпанскиот грип, двапати го победи коронавирусот
-->
102-годишната Анџелина Фридман од Њујорк е вистински борец. Кога била бебе, таа го преживеала шпанскиот грип кој косел во 1918 година. Во текот на својот живот преживеала рак, внатрешно крварење и сепса, а оваа година таа двапати го победила коронавирусот, објави Си-ен-ен.Првпат вирусот ѝ бил дијагностициран во март кога Фридман била во болница за лесна медицинска постапка. Таа поминала една недела во болница, а кога се тестирала на 20 април, нејзиниот тест бил негативен.
Кон крајот на октомври, Фридман повторно имала позитивен тест на Ковид-19.
Нејзината ќерка за Си-ен-ен вели дека тогаш нејзината мајка имала симптоми – треска и сува кашлица. На 17 ноември повторно имала негативен тест.
Фридман е последното преживеано дете од вкупно 11 деца во семејството. Сепак, Фридман продолжува да биде извор на радост и забава за оние околу неа, пишува Си-ен-ен.
За својот 101 роденден добила голема забава во домот за стари лица каде што е сместена и минатата година била крунисана за матурска кралица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
-

Сопрена истрага за Капушевски и Јахоски за набавката на мазут за ТЕЦ Неготино
-

Студен старт на односите со новата бугарска дипломатија
-

Концерт на Дејвид Гета за 35-годишнината од независноста на Македонија
-

Стрктурни реформи и таргетирани мерки за побрз раст – порака од “Македонија 2025”
-

Се инвестира во патна инфраструктура
-

Топлото време ги донесе змиите поблису до градските населби
-

Муцунски: Бугарија да го препознае стратешкиот момент
