11 годишното исчезнато девојче од Грција било убиено од нејзиниот вујко кој се обидел да ја силува
Траги од повреди на рацете сугерираат дека вујко во Илија во Пелопонез сакал да има сексуален однос со неговата мала внука па потоа неколкупати ја избодел со шрафцигер, велат неименувани извори од истрагата. Причината за убиството на 11-годишната Василики која го потресе регионот e обид за обљуба, пишува Катимерини.
Вујкото на сослушување го признал делото и на полицајците им рекол дека сакал да има секс со внуката.
Се очекува лекар да утврди дали девојчето било силувано пред да биде убиено, пишува весникот.
Осомничениот 37-годишник беше на ослободување од затвор во очекување на неговата жалба на пресудата за силување малолетник во 2017 година на јонскиот остров Закинтос. Девојчето во тој случај наводно била внука на таткото на 11-годишното девојче Василики.
Државната телевизија ЕРТ соопшти дека додека бил осуден на девет години затвор, 37-годошникот бил ослободен под услов двапати месечно да се јавува во неговата локална полициска станица.
Телото на Василики беше пронајдено на поле откако нејзините родители преку апликацијата Амбер Алерт пријавиле дека исчезнала.
Таа имала убоди во вратот, градите и во грбот.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на село Могорче за тешка кражба и оштетување туѓи предмети
-
„Балансерот“ утре на седница на Уставниот суд
-
Мој Народе - Ново од групата Меморија
-
МВР: Претрес во Куманово, приведен дилер, пронајдена дрога
-
ЦУК: Вкупно 1.704 повици на 112, четири пожари на отворено и апел за редовно чистење на локалните одводни канали
-
Состанок на Постојаната експертска група за болеста африканска чума кај свињите
-
Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, како последица на вирусот починале четири лица
-
ЈП Комунална хигиена - Скопје: Oтстранети диви депонии на пластичарска улица и во населбата Топаана