13-годишно девојче од Скопје жртва од малечка: Прво ја терале да проси, па да се проституира и дрогира и на крајот абортирала
Во случајот за 13-годишното девојче штитеник на јавната установа за деца со социјални проблеми „25 Мај“ за кое медиумите објавија дека било силувано и забременило, најверојатно станува збор за сексуална експлоатација од надворешни лица или трговија со луѓе, се сомневаат од Министерството за труд и социјална политика.
Примарна задача во моментов, посочуваат оттаму, е девојчето да биде згрижено во Шелтер центар, детски психолог да работи со него, а МВР да го истражи предметот и сомевањата дека тоа е жртва на трговија со луѓе.
Од Министерството посочуваат дека го разгледале предметот кој се водел за девојчето од страна на социјалниот работник и инстутуцијата, од кој утврдиле дека тоа неколкупати претходно го напуштало домот, кој е од отворен тип, како и дека секогаш кога ќе побегнело, било пријавувано во полиција. Според законските регулативи, старателот - социјалниот работник, не смеел да и го попречи движењето.
Првпат девојчето било пронајдено на улица пред МКЦ во Скопје во септември 2017 година и било вратено во институцијата, од каде било сместено во Безбедна куќа каде се сместуваат жртви на трговија и сексуално насилство, но оти и оттаму заминувало на негово барање.
Сегогаш во изјавите во полицијата давало различни искази од тоа дека одела со свој дечко, дека тој со кој заминало заедно заработувале, или пак дека без на согласност имала сексуални односи со други лица.
Од сето ова, велат од МТСП, а со оглед дека станува збор за малолетно 13-годишно девојче може да се види дека тоа било манипулрано и злоупотребено.
Од документацијата, велат од Министерството, може да се види дека социјалниот работник и институцијата го воделе случајот коректно. Но, доколку Комисијата што е формирана за овој случај утврди некаков пропуст ќе има дисциплинска против социјалниот работник и прекршочна против неговиот претпоставен.
Девојчето во 2016 година, пред да биде сместено во институцијата било во пет згрижувачки семејства, но ниту во едно од нив не се прилагодило. На нејзините родители им било одземено родителско право бидејќи ја терале да проси по улици. Тие имале и деца, кои починале како последица од конзумирање на дрога.
Абортусот бил направен со согласност на девојчето и на старателот.
МТСП денеска излезе со информција за овој случај, откако за него вчера известија дел од медиумите по реакција на Европскиот центар за правата на Ромите.
Од Министерството за внатрешни работи најавија дека во текот на денот ќе излезе со детали од постапувањето по пријавите за оваа малолетничка.
Ново на Сител
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО
-
Почина 17-годишниот кој се здоби со изгореници од струен удар
-
Во Радика по светиот крст скокнаа околу 300 верници, најсреќен Климент Танески од Ростуше
-
Теодор Јовески го извади осветениот крст од водите на Вардар во Скопје
-
Бојан Јовевски го извлече крстот од осветените води на Крива Река
-
Мицкоски: Да покажеме нескршлива волја во реформите и чекорите кои ќе обезбедат сигурност, стабилност и просперитет за граѓаните