-->
-->
13 лица загинаа откако паднаа во бунар на свадбена прослава во Индија
-->
Тринаесет лица загинаа, сите жени и деца, откако паднаа во бунар за време на свадбена прослава во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.
Жртвите стоеле на метален лим што го покривал бунарот, гледајќи ја церемонијата халди, еден од многуте ритуали, кои се дел од хинду венчавка, за време на која куркума се мачка на невестата или на младоженецот, јави ДПА.
Лимот пропадна, па над 20 лица паднаа во бунарот. Единаесет од нив починале на самото место, а 15 беа спасени, а две лица им подлегнаа на повредите во болница.
Окружната администрација ќе направи сè што може за да им помогне на повредените, како и на семејствата на починатите, изјави премиерот Нарендра Моди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Клиниките ќе се спојуваат во 2026, Таравари ќе враќа лекари од приватното во државното здравство
-
Бела ноќ со француската атракција групата „Кидам“ со уличниот спектакл „Сонот на Еребер“
-
Најмалку 20 загинати во поплавите во БиХ
-
Можен распад на Европскиот фронт на ДУИ поради Мендух Тачи
-
Затворена седница за ЕУ
-
Владата најавува нова модерна опрема за Армијата
-
Зградата во Чаир се уште небезбедна – Обвинителството чека услови за да почне истрага
-
Одложени следните две рочишта за убиствата на Вања и Панче – обвинетиот Видевски се уште е на нефрологија