-->
-->
134 санкционирани возачи во Скопје, 68 за брзо возење
-->

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 68 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се две мерки за користење мобилен телефон, 21 санкција за возење под дејство на алкохол, четири за нерегистрирани возила...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Сектор за односи со јавност и протокол
Министерство за внатрешни работи
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
-

Иран нападна цели во соседните земји
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Нетанјаху: Иран веќе не може да збогатува ураниум и да произведува балистички ракети
-

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан Бајрам
-

ЕУ повика на повторно отворање на Ормускaтa Теснина и прекин на нападите врз енергетската и водоводната инфраструктура
-

Во Македонија се живее пет години помалку отколку во ЕУ, жените подологовечни од мажите
-

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам
