14 починати и 467 нови случаи на Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.533 тестови, а регистрирани се 467 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 245, Куманово – 34, Велес – 22, Битола – 20, Прилеп – 19, Кавадарци – 18, Тетово – 17, Охрид – 13, Струга и Ресен – по 8, , Штип, Гевгелија и Крива Паланка – по 7, Струмица, Кичево и Дебар – по 6, Гостивар – 5, Кочани, Неготино и Демир Хисар – по 3, Радовиш, Валандово, Пробиштип и Македонска Каменица – по 2, Берово и Виница – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (467), регистрирани се 58 реинфекции.
Регистрирани сe 414 оздравени пациенти од: Скопје – 202, Битола – 28, Кавадарци и Велес – по 26, Куманово – 21, Прилеп – 19, Штип – 13, Тетово – 12, Струмица – 10, Кичево – 9, Крива Паланка – 8, Гостивар – 7, Гевгелија – 6, Струга – 5, Радовиш – 4, Кочани, Неготино и Свети Николе – по 3, Охрид, Ресен и Валандово – по 2, Кратово, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје ( 88г, 88г, 85г и 75г) и по едно починато лице од Дебар (88г), Кавадарци (71г), Демир Хисар (80г), Охрид (67г,), Демир Капија (82г) и Неготино (87г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 4 починати лица од: Скопје (2), Куманово (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 77г. до 85г. Лицата за починати се пријавени во период од 10.02. до 26.02.2022. Од пријавените лица едно лице е починато во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Од вкупниот број на починати лица, кај 13 лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 2.533 тестови преку: ИЈЗ-279, ЦЈЗ Скопје-64, ЦЈЗ Битола-83, ЦЈЗ Прилеп-31, ЦЈЗ Тетово-5, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-21, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–162, Жан Митрев (Филип Втори)-48, Авицена-85, Биотек-75, Систина-56, лабораторија Лаор-39, Синлаб-17, Ремедика-15, Плодност-16, Генеа-6, Никоб Лаб-206, ВФВ Медикал-44, Ели Медика-27, Ројал Медика–7, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–14, Жан Митрев Струмица–9, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-16, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.129.
Досега во земјата се направени вкупно 1.898.672 тестирања на КОВИД-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 298.662, бројот на оздравени пациенти е 286.378, на починати е 9.050 а бројот на активни случаи изнесува 3.233.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал