Македонија
23. December 2022 - 8:25

149 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 149 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се 12 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за користење мобилен телефон...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.