Македонија
2. May 2024 - 11:41

157 санкционирани возачи под дејство на алкохол

МВР соопштува дека вчера (01.05.2024) во периодот од 16.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 157 возачи. Од нив 41 на територија на СВР Куманово, по 34 на територија на СВР Битола...

За време на контролата санкционирани се и 183 други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.