-->
-->
16 казни од јануари оваа година имал еден од загинатите во сообраќајка кај Пинтија
-->

Еден од учесниците во вчерашната сообраќајка, во која за жал имаше смртни последици, имал изречено 16 казни од јануари оваа година, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека на булевар „Борис Трајковски“ од јануари до мај се изречени 369 казни за брзо возење.
Сето ова покажува колку сите треба да бидеме свесни како се однесуваме во сообраќајот. Упатувам апел до сите граѓаните да помислат на своите деца кога седнуваат зад воланот, рече министерот за внатрешни работи.
Вчерашната несреќа, како што информира МВР, се случила околу 22 часот при судир на две возила „голф“ и „пежо“.
Во Скопје во изминатото деноноќие се случиле вкупно девет сообраќајки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Невремето предизвика големи штети врз земјоделските посеви во Струмичко
-

Ден по големото невреме што го погоди Скопје
-

Во Гостивар состојбата се следи тековно
-

Реконструирано одделението за трауматологија во ЈЗУ Универзитетска Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Втор ден од официјалната посета на претседателката на Индија во Македонија
-

Незадоволство во Ѓуземелци, од Општина Лозово велат дека се дезинформации
-

Тема на денот со доктор Драган Даниловски
-

Големо невреме го зафати Скопје
