167 санкционирани возачи во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (15.03) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење 14, 10 санкции за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се 36 прекршоци што ги чинат пешаците, седум санкции за користење мобилен телефон, шест за минување на затворен сигнал(црвено светло), три за некористење сигурносен појас, 66 за непрописно паркирани возила.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година
-
Судовите оценети со тројка