Македонија
3. October 2021 - 13:27

17 годишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа

На 03.10.2021 во 03,00 часот кај с.Ботун на магистралниот пат Охрид-Кичево патничко моторно возило „киа соренто“ со охридски регистарски ознаки управувано од 17 годишен малолетник од с.Лешани, општина Дебарца излетало од патот. Возачот малолетник се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во болница „Св.Еразмо“ за укажување на лекарска помош, а неговиот 17 годишен сопатник од с.Мешеишта,општина Дебарца од здобиените повреди починал на лице место. Увид на лице место извршила увидна екипа од СВР Охрид.