Македонија
25. July 2022 - 12:54

19-годишник со „голф“ излетал од пат и тешко се повредил

Вчера на локалниот пат Страчинци - Стајковци 19-годишник со „голф“ излетал од патот при што се здобил со тешки повреди.

„На 24.07.2022 во 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с.Страчинци– с.Стајковци, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(19) од Скопје, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, стои во соопштението од МВР.