20-годишник почина на паркинг во Тетово, случајот е поврзан со дрога
На 01.03.2023 во 17:00 часот во СВР Тетово било пријавено дека во тетовската Клиничка болница бил донесен починат 20-годишниот А.А. од тетовско Теарце.
На паркинг пред станбена зграда на улица „Илинденска“ во Тетово, каде според пријавеното бил пронајден починат А.А., увид извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово. По наредба на Јавен обвинител била извршена обдукција.
Во врска со случајот, во 18.10 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Л.Д.(23), Ј.С.(24), А.О.(25), А.О.(35) и П.A.(71), сите од Тетово, поради сомнение за нивна инволвираност во „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување употреба наркотични дроги“, а ноќта (02.03.2023) во 01.10 часот на улица „113“, од слобода бил лишен и Б.Х.(19) од Тетово.
Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Ново на Сител
-

Нови пожари во Кавадаречко
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Се реактивираше големиот пожар во Кавадаречко
-

6 нови сомнителни случаи на западно-нилска треска
-

МЗ: Eпидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна
-

СДСМ: Власта си игра со здравјето на граѓаните
-

Вонреден инспекциски надзор во три болници по случајот со парализираната родилка
-

Приведена кратовчанка за напад на туристи на Куклица
