Свет
29. March 2018 - 9:28

2018 фатална: Земјата ќе се тресе и пука - На овие земји им се закануваат катастрофални земјотреси, а меѓу нив е и овој наш сосед

По четири силни потреси во 2017 година, кои беа појаки од 7 степени по Рихтер, научниците предвидуваат дека оваа година ќе има двојно повеќе такви катастрофални потреси.

Да потсетиме, потресот од 7,9 степени следуваше во јануари 2017 година на брегот на Аљаска, а во Хондурас имаше потрес со јачина од 7,6 по Рихтер, во Перу со јачина од 7,1 , а потоа и Мексико го погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени.

Во овие земјотреси имаше многу жртви, поради што научниците се обидоа да најдат одговор на прашањето што не чека во иднината. Врз основа на географските податоци и примероци на веројатност, геолозите предвидуваат дека не е чека ништо подобро, туку напротив. Тие најавуаат дека годинава ќе има дури двојно повеќе земјотреси.

Според тврдењата на научниците тоа е поради силната врска меѓу брзината на ротацијата на Земјата и сеизмолошките активности. Од 2011 година планетата се врти се поспоро, а таа промени, иако минимална, може да покрене интензивни активности и во внатрешноста на земјата.

Американските научници напоменуваат дека успорувањето на Земјината ротација во пет случаи довело до двојно зголемување на бројот на силни земјотреси, се вели во извештајот на Роџер Билем од Универзитето Колорадо и Ребека Бендик од Универзитетот во Монтана.

„Земјата ни испраќа петгодишни предзнаци за идните потреси“, вели Билем.

„Така може да заклучиме дека оваа година ќе имаме голем број земјотреси“.

Ворлд риск рипорт за 2016 година објави дека најнесигурна земја на светот е Вануату, островска држава во Тихиот Океан на која и се закануваат природни катастрофи како земјотреси, вулкански ерупции и циклони. Потоа на мета се Тонга, Филипини, Гватемала и Бангладеш.

Албанија според тие податоци е најризично подрачје во Европа и според опасноста од природни катастрофи се наоѓа на 40. место.

На самиот врв е Холандија. Хрватска и Словенија се во групата безбедни земји од катастрофа, а се наоѓаат на 125. односно 134. место на листата од 171 земја.

Србија се наоѓа на 68 место на најновата листа, а Босна и Херцеговина на 91, а Македонијана 98 место.

Катар е најсигурна земја на светот, а следуваат Малта, Саудиска Арабија, Барбадос и Гренада.