Македонија
4. November 2016 - 16:20

21-годишна девојка почина, а нејзината сестра се затрула од јаглен моноксид од печка на дрва

21 годишна девојка починала а сестра и се лекува откако најверојатно се затруел од јаглерод моноксид. Спиеле во просторија која се затоплувала со печка на дрва

Труење со јаглерод моноксид поради затоплување на просторија со огревно дрва е најверојатната причина поради која 21 годишна девоја почина, а нејзината 22 годипна сестра се лекува на скопските клиники.  Настанот се случил вчера во семејната куќа на сестрите во долнореканското село Скудриње. Тие спиеле во помошна просторија од семејната куќа, која се затоплувала со печка на дрва

Потоа ги однеле во здравствениот дом во Ростуше каде им е пружена прва помош.

Како дошло до труењето и кои се причините за трагичниот настан, ќе се утврдува со истрага која ја започна обвинител од гостиварското обвинителство.