Македонија
16. April 2020 - 17:06

21 лице кои учествувале на протестот во скопската населба Ченто се повикани на информативен разговор во полиција

21 лице кои учествувале на протестот во скопската населба Ченто се повикани на информативен разговор во полиција, соопшти министерот Чулев.

-До овој момент од страна на СВР Скопје беа поднесени кривични пријави за три лица за што веќе ја информиравме јавноста, а дополнително од нивна страна беше извршено идентификување и беа повикани на разговор 21 лице кое учествувало во настанот и не ја почитувале мерката за забрана на движењето со што сториле кривично дело, напиша Чулев на Фејсбук.

Најави дека во следниот период МВР ќе продолжи да обезбедува доказен материјал за останатите лица и по завршување на постапката за сите лица кои не го почитуваа полицискиот час.