214 санкционирани возачи во Скопје
При контрола во областа на сообраќајот Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2023) на територија на град Скопје изрече вкупно 214 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 124 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за непрописно престројување на возила.
Како што информираат оттаму, изречени се пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла)...
- Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Тошковски: Се уште се непознати мотивите за палење на автомобилите на бугарската амбасада
-

СДСМ: Бесплатно образование, модерни вештини, повеќе шанси за младите
-

60 матуранти фатени како препишуваат
-

Народната банка благо ја затегна монетарната политика и ги зголеми каматите за 0,25 процентни поени
-

Од идната недела стартуваат мерките на Оперативниот план тежок 40 милиони евра
-

Се удави 20 годишно момче во Охридското Езеро
-

Поштата во Струмица доби шест нови возила
-

Земјоделски експерти - битката за здрава храна почнува од нивата
