22 годишен скопјанец намамил Германка, ја нападнал и ја држел затворена во својот дом
На 29.04.2022 во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Е.А.(22) од с.Трубарево, скопско, постапувајќи по пријава од В.С.(25) од Р.Германија, според која по претходна комуникација на социјална мрежа со Е.А., таа дошла во Скопје, а тој ја однел во неговиот дом во с.Трубарево, ѝ го одзел мобилниот телефон, физички ја нападнал и не ѝ дозволувал да си оди.
При претрес извршен од страна на полициски службеници од Одделението за насилен криминал при Единицата за насилен криминал од СВР Скопје, по добиена судска наредба, во домот на пријавениот биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Е.А. бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
Ново на Сител
-

Просечната нето плата во јуни 48.381 денар
-

Клековски: Средствата за прскање против комарци се безбедни за луѓето и се препорачани од СЗО
-

Мицкоски: Како држава годинава се справуваме најдобро со пожарите
-

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“
-

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп - Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
-

Мицкоски: Скандалозна е одлуката на Обвинителството за случајот со модуларните болници
-

43 заразени од западнонилска треска, откриен вирусот и кај мртов гарван во Скопје
-

Од утре температури над 40 степени, а потоа следува заладување
