22-годишна девојка од Скопје удрена од таксист

Дваесет и двегодишна скопјанка вчера била удрена од такси возило откако одбила за превозот од центарот на градот до Чаир да плати 700 денари.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека околу 05:15 часот, 22 годишната Е.Т. се качила во такси возило без ознаки и откако ситгнале во Чаир каде требало да се симне, возачот и побарал да плати 700 денари по што таа одбила со образложение дека тоа се премногу пари.
Во моментот кога почнала да се симнува од возилото, возачот го стартувал возилото по што девојката паднала, а тој се вратил наназад со возилото и ја удрил.
- Е.Т. побарала лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во информацијата објавена во дневниот билтен на МВР.
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
