Македонија
11. September 2023 - 12:01

22 годишно момче со „бмв“ удрило во пешак, во ограда и куќа

На 10.09.2023 во 18.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од Е.М.(22) од с.Балиндол-гостиварско, удрило во Х.Н.(18) од Гостивар, а потоа во ограда и куќа на истата улица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и сопатникот од возилото В.Ќ.(28) од Гостивар, констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.