22 пријави до МВР за масовен дочек на новата година
Во текот на новогодишната ноќ, бесплатниот телефон во МВР за пријавување на групен дочек, ѕвонел 22 пати.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во изјава за Сител по посетата на полициската станица во Крива Паланка, изјави дека бројот кој бил во функција од 28 декември, примил вкупно 62 пријави за групирање во домови или викенд куќи.
-Имајќи ги предвид одлуките и препораките на Владата, како и ограничувањата за собирање и групирање на луѓе во приватни објекти, пред сѐ викенд куќи, во текот на новогодишната ноќ се добиени девет пријави и се работи на расчистување и документирање на случаите, изјави Оливер Спасовски, Министер за вантрешни работи.
Тој информира дека по пријавите се постапувало во соработка со Јавното обвинителство.
Полицијата во текот на ноќта, како што информора МВР, открила и пет угостителски објекти во кои имало организиран дочек на новата година.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Еврокомисијата подготвува план за намалување на бирократијата во невидени размери
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
-
Намалување на јануарските плати за учесниците во штрајкот, велат од српското министерство за образование
-
Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина
-
МЖСПП: Прекинување на прагот на алармирање во Кичево
-
Евакуирани училишта во Република Српска по дојави за поставени бомби
-
Ѓоковиќ загуби сет и се повлече од Австралија опен
-
Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени