Македонија
8. October 2023 - 14:35

23-годишник тешко повредил жена при удар со мопед

На 07.10.2023 околу 15.50 часот на улица „29-ти Ноември“ во Тетово, мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(23) од Тетово, удрил во Џ.Ј.(47) од с.Пршовце, тетовско соопшти МВР

По несреќата Џ.Ј. била пренесена во Клинички центар Тетово, каде од лекар и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.