2488 новозаразени во Словенија за 24 часа
Во Словенија се потврдени 2488 нови инфекции со коронавирус во последните 24 часа, според сè уште неофицијалните податоци емитувани од Словенечката телевизија.
Ова е втор најголем број на новоинфицирани, по рекордни 2.605 новозаразени претходно и е потврда дека состојбата на епидемијата се уште е на работ на контрола, пренесуваат медиумите.
Официјалните податоци за бројот на тестови и состојбата на болниците ќе бидат објавени на прес-конференција во текот на денот.
Словенечката влада вечерва ќе разговара за епидемиолошката состојба, но засега не се очекува ново заострување на мерките, кои веќе вклучуваат забрана за движење во текот на ноќта и надвор од општинските граници, задолжително носење маски и на отворено, часови преку Интернет и многу други. Институтот Јожеф Штефан, кој го проектира и анализира развојот на епидемијата за Владата, објави дека 5,5 проценти од населението е заразено во вториот бран на епидемијата на Ковид-19 досега и дека во моментов се заразени повеќе од официјално потврдената бројка – односно секој 29 жител на Словенија.
Ново на Сител
-

Приведен 43 годишен скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско
-

ДЗС апелира до граѓаните пронајдените неексплодирани бомби и оружје да не ги поместуваат и веднаш да пријават до надлежните
-

Трамп го нападна Сенатот поради изгласаната резолуција против продолжувањето на војната против Иран
-

Расте фреквенцијата на ГП „Блато“, за викендот минале 26 137 патници
-

Инфантино за паузите за вода: Тие не генерираат дополнителни приходи за ФИФА
-

САД со нови санкции за Куба
-

Средба Трамп – Руте во Белата куќа
-

СП 2026: Модриќ го одигра својот 200. натпревар за Хрватска
