Македонија
11. јуни 2024 - 12:17

25 годишен кумановец ја силувал поранешната сопруга и објавувал експлицитни фотографии на интернет

Дваесет и петгодишен кумановец доби две кривични пријави под сомнение дека извршил обљуба врз поранешната сопруга и дека објавувал експлицитни содржини од неа на социјалните мрежи.

– Отсекот за компјутерски криминал и Отсекот за општ криминал при СВР Куманово поднесоа две кривични пријави против Л.А.(25) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „полов напад и силување“, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, тој креирал профил на социјални мрежи под лажно име и објавувал експлицитни содржини од неговата поранешна сопруга.

– При преземањето мерки и извршената анализа на случајот било откриено дека тој извршил и обљуба врз неговата поранешна сопруга, по што бил пронајден и лишен од слобода, стои во соопштението на СВР Куманово.