Македонија
21. January 2025 - 13:07

25-годишен радовишанец се обиде да ограби дом на 77-годишник

-На 20.01.2025 во 22.20 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишиле од слобода Ј.Т.(25) од Радовиш поради сомнение дека околу 19.00 часот се обидел да изврши тешка кражба во куќа сопственост на Г.С.(77) од Радовиш. Во службениот разговор Ј.Т. го признал делото, информираа од полицијата. 

Тој бил задржан во Полициската станица Радовиш, за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по негово целосно документирање против Ј.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.