Македонија
31. May 2022 - 13:17

25-годишник со трактор излетал од патот и тешко се повредил

На 30.05.2022 во 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат од Национален парк Водно кон с.Горно Соње, трактор, управуван од С.Љ.(25) од Скопје, излетал од патот, известија од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.