-->
-->
268 санкции за брзо возење
-->

Во текот на вчерашниот ден (27.07.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 268 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час. При тоа 130 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
